Брајтон ја прекина победничката серија на шампионот Сити, одигра 1-1 на домашен терен и обезбеди пласман во Лигата на Европа за следната сезона. Тоа беше и прв натпревар без победа за„граѓаните“ по цели три месеци во Премиер – лигата..
Фил Фоден во 25.минута донесе водство за Манчестер Сити, но израмни Хулио Енкизо со убав гол од далечина пред крајот на првиот дел.
Ерлинг Халанд постигна гол во 80.минута, но по асистенција од ВАР собата не беше признат.