Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го запиша вториот триумф денеска во Оточец, откако заедно со Деа Херделаш славеа против Далина Илинка Амарлеи и Кристина Дину со 2-1 во сетови, односно 7-6, 2-6 и 10-5.
Ѓорческа и Херделаш со оваа победа обезбедија место во полуфиналето во двојки на турнирот во Словенија, каде што ќе се пресметаат против Емили Вебли-Смит и Мариана Дражиќ.
Најдобрата македонска тенисерка претходно обезбеди и четвртфинале во сингл-конкуренција, откако славеше со 6-2 и 6-2 против Лавинија Танасие.