Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски доживеа незгодна повреда на скочниот зглоб откако на натпреварот против Сент Мирен беше брутално удрен од еден противнички фудбалер. За него, како што тој вели, сезоната е завршена.
За среќа, нема скршеница, а допрва ќе има скенирање на лигаментите.
“За жал, предвреме ја завршив сезоната со повреда на зглобот а добрата вест е дека нема скршеница, утре ќе имам дополнителни прегледи на лигаментите. Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам посилен”, истакна Бојан Миовски.