Екипата на Барселона со 2-1 го победи Реал Мадрид во Ел Класико подготвителниот дуел кој се играше во САД, но барсиниот нов стратегХанси Флик не е целосно задоволен од изданието на неговите фудбалери.

Германскиот стратег сака неговите фудбалери да прават притисок на противникот во текот на сите 90 минути, нешто што не било случај на овој дуел.

„Победата против Реал Мадрид? Не притискавме цели 90 минути, тоа е проблем“, вели Флик.

„Во некои ситуации не го притискавме противничкиот фудбалер кој ја имаше топката. Тоа не смее да се случува. Тоа е проблем. Треба да се фокусираме на ова и да притискаме во текот на целиот меч“.

„Но, имаме напредок во однос на тоа што го одигравме против Манчестер Сити. Им реков на фудбалерите дека сакам на овој меч да видам напредок и така и беше“.