Карим Бензема подолго време беше доста тивок и ја бараше својата препознатлива форма по лошата прва сезона во Ал Итихад, но се чини дека Французинот изгледа се враќа во голгетерска форма на стартот на првенството во Саудиска Арабија.
Бензема ја најави третата победа во низа на Ал Итихад уште во 2-та минута со мало фудбалско ремек-дело, а тоа всушност се покажа како почеток на кошмарот за Ал Вехда.
Гостите настрадаа во Џеда и примија дури седум гола во својата мрежа, а три од нив беа дело на легендарниот фудбалер на Реал Мадрид.
Бензема постигна уште два во продолжение од натпреварот, а фаворитот славеше со 7:1 и остана со стопостотен ефект по три кола, исто како Ал Хилал и Ал Етифак.