Кралскиот клуб славеше со 1:3 на гостувањето кај третолигашот Алкојано.

Во првото полувреме Алкојано беше тој што имаше подобри шанси. Ударот на Миранда беше изблокиран во петтата минута, а во деветтата минута Дани Вега бараше пенал, но судијата не реагираше.

Шеснаесеттата минута ни донесе шанса на Харе, а во 35 минута Лунин го запира ударот на Морено. Кога Алкојано не го искористи сето тоа, Едер Милитао погоди за 0:1 во 39. минута по корнерот на Родриго.

Второто полувреме најпрвин ни донесе шанса за Реал, а проектилот на Алаба заврши за малку крај голот.

Само една минута подоцна израмни Алкојано. Дани Вега постигна гол по одличен соло пробив.

Сепак, само десет минути подоцна се беше решено. Марко Асенсио во 77. минута погоди за 1:2, а победата на Реал Мадрид две минути подоцна ја потврди Иско.

Претходно пласман понатаму обезбедија Валенсија, Мајорка, Реал Сосиедад, Барселона, Балеарес, Рајо Ваљекано и Бетис.

Копа дел Реј, 1/16 финале:

Алкојано 1: 3 Реал Мадрид (Дани Вега 66′; Милитао 39′, Асенсио 77′, Иско 79′)