Новак нема веднаш да биде депортиран од Австралија. По драмата во средата на аеродромот во Мелбурн, властите на австралиската држава Викторија одлучија да не дозволат Новак Ѓоковиќ да влезе во земјата.

Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жалба на одлуката и Ѓоковиќ ќе остане во Мелбурн до конечната одлука.

Новинарот Клинт Стенавеј на Твитер ја објави првата фотографија од Новак Ѓоковиќ по драматичниот ден.

„Тоа беа тешки 24 часа за Новак Ѓоковиќ. Еве како испадна – од моментот кога пристигна Новак за да му ја потврдат визата, па сè додека не пристигна во хотелот Сити каде што моментално е задржан“, се вели во соопштението.

https://twitter.com/9NewsMelb/status/1478987058047864834?s=20