Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на Австралија Опен и израдува многумина.
И еден од најдобрите хрватски спортисти, фудбалерот Иван Ракитиќ, не го криеше својот ентузијазам.
„Да живее легендата, се најдобро во 2022 година и веднаш ќе ја добиеме првата канта. (мисли на трофејот) Среќно мајсторе“, напиша фудбалерот на Севиља Ракитиќ на Инстаграм профилот на својот пријател Новак.
Не е тајна дека најдобрите хрватски фудбалери го сакаат и ценат српскиот тениски ас, а фудбалерот од Севиља и миленик на навивачите на Барселона сега само потврди дека е голем фан на Новак.