Раководството на американските професионални лиги воведе строго правило во врска со коронавирусот.Ова се однесува на НБА, НХЛ, МЛБ, НФЛ, а веќе првиот скандал на почетокот на новата сезона се случи во НХЛ.
Хокеарот на Сан Хозе Шаркс, Евандер Кејн, е суспендиран на 21 натпревар, а платата му е одземена на три месеци, бидејќи го прекршил Ковид правилото на лигата .
Имено, Кејн наводно доставил лажна картичка за вакцинација до својот клуб и НХЛ.
„Разочарани сме од неговото непочитување на протоколите за здравје и безбедност воспоставени од НХЛ и НХЛПА. Му благодариме за игрите, но ваквото однесување мора да сноси и санкции“, се вели во соопштението на клубот.
Хокејарот испрати извинување што нема многу да му помогне, со оглед на тоа што во следните три месеци ќе остане без 1,6 милиони долари. Според договорот, Кејн добива 6,5 милиони долари годишно, или 540,000 месечно, но овој приход не вклучува даноци и осигурување што се пресметуваат во НХЛ за договорот на секој играч.