Ѓоковиќ почна да прави планови за иднината, а очигледно на теренот ќе се врати во Дубаи, каде што се игра турнир од 21 до 26 февруари, додека Србинот е прв носител и ќе ја брката шестата титула.
За влез во Обединетите Арапски Емирати не е потребна целосна вакцинација, односно може да влезе во државата и со негативен ПЦР-тест, кој треба да го направи пред летот, но потоа и на аеродромот каде што ќе слета.
Србинот досега настапи 11 пати на турнирот, а освои пет титули, и тоа во 2009, 2010, 2011, 2013 и 2020 година