Левиот бек на Аталанта Робин Госенс пристигна во Интер како позајмен играч со обврска за откуп. Госенс треба да биде долгорочна замена за Иван Перишиќ, кој ги покрива истите позиции .
Интер го доведе германскиот играч Робин Госенс (27) од Аталанта. Госенс доаѓа на позајмица до крајот на сезоната, а Интер мора да го откупи неговиот договор по истекот на позајмицата, објавија италијанските медиуми.
Вредноста на трансферот се проценува меѓу 25 и 27 милиони евра, а платата на Госенс би требало да биде три милиони евра по сезона.
Госенс пристигна во Аталанта од холандскиот Хераклес Алмелo во 2017 година за само еден милион евра. Може да игра i лево крило и страничен дефанзивец. На 157 натпревари во дресот на Аталанта постигна 29 голови и 21 асистенција.
Интересот на Интер за Госенс или Филип Костиќ се споменува веќе подолго време, а се именувани како замени за Иван Перишиќ со кого преговорите за нов договор не одат баш мазно.
Госенс во моментов е надвор од теренот поради повреда на бутниот мускул, а последниот натпревар во Серија А го одигра на 25 септември. Сезонава забележа само осум настапи во сите натпреварувања.