Со уште еден монструозен настап, Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до победа во Детроит 110:105.

Актуелниот МВП постигна 29 поени, 21 скок и девет асистенции и стана првиот играч во историјата на НБА со 5.000 скока и 3.000 асистенции на помалку од 500 натпревари.