Диего Коста кариерата ќе ја продолжи во Салернитана, објавија сите италијански медиуми. Коста доаѓа во италијанскиот прволигаш како слободен играч, а спортскиот директор Валтер Сабатини го опишува неговото доаѓање како чудо.

33-годишниот Бразилец Коста пред 20 дена го напушти Атлетико Минеиро каде остана само половина година. Пред тоа тој беше без клуб половина година откако го напушти Атлетико Мадрид. За бразилскиот клуб одигра 19 натпревари и постигна четири гола. Претходно играше за Челзи, Селта, Рајо, Ваљадолид, Брага …

Салернитана е последниот тим во италијанската лига и заостанува осум бода зад сигурната зона. Новите сопственици заедно со Коста планираат да го доведат и поранешниот играч за врска на Рома, Хавиер Пасторе. Коста ќе потпише договор до крајот на сезоната со опција за продолжување доколку Салернитана опстане во Серие А.

https://twitter.com/IFTVofficial/status/1486053716197269510?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1486053716197269510%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fdiego-costa-iznenadio-izborom-novog-kluba%2F2335055.aspx