Годинешното засилување на Реал Мадрид, Џуд Белингам е новата ѕвезда и од натпревар во натпревар продолжува да ги воодушевува навивачите на шпанскиот тим.
Во листата на стрелците се запиша и синоќа, на дуелот против Брага на кој Реал победи со 2-1. Англичанецот сега има 11 гола на првите 12 натпревари во белиот дрес, но и направи нешто што не му успеало на ниеден фудбалер на Реал во 21. век.
Белингам стана прв играч на мадридскиот тим кој постигнал барем по еден гол во своите први три натпревари од Лигата на шампионите. Реал оствари три минимални победи на стартот, а Белингам погоди против Унион Берлин во победата од 1-0, против Наполи и синоќа со Брага. тоа не успеа да го направи ни Кристијано Роналдо кој не само што е најдобар стрелец во историјата на Реал, туку и во Лигата на шампионите воопшто.