Барселона ќе има пресметка со украински Шахтјор во третото коло од Лигата на шампиони а тренерот Чави Ернандез има голем проблем со повредени фудбалери.
Чави не може да смета на Педри, Френки Де Јонг, Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде и Серхи Роберто, а Гави е суспендиран поради исклучувањето во минатото коло.
Кога ќе се погледне списокот со фудбалери од првиот тим, Чави има само 12 играчи, па затоа мораше да ја активира „Ла Масија“ и да ги повика Касадо, Фермин Лопез, Кубарси и Марк Гују.
Натпреварот меѓу Барселона и Шахтер се игра од 18.45 часот.