Севиља и Осасуна одиграа интересен натпревар во кој гостите трипати водеа, беа упорни во нападот и дојдоа до значајна победа.
Осасуна дојде во водство со голот на Гарсија во 18. минута, Гудељ во 63. минута го изедначи резултатот на 1-1, кој беше актуелен само пет минути.
Тогаш Фернандо си постигна автогол за водство на Осасуна од 2-1, во 78. минута Севиља преку Ен Несири изедначи на 2-2.
На пет минути до крајот Езалзули даде гол за Осасуна, за нивно трето водство на мечот и победа од 3-2.