Францускиот првак Пари Сен Жермен го демолира Олимпик Марсеј на „Велодром“ со 0-3 и побегна на осум бода позитива на врвот на табелата во Лига 1. Килијан Мбапе и Лионел Меси беа незадржливи за одбраната на домаќинот и лесно го решија дербито.
Мбапе во 25.минута го отвори резултатот, а четири минути подоцна Меси зголеми на 0-2. Потоа Меси со фантастична асистенција го пронајде Мбапе, кој со волеј-удар постигна трет гол за ПСЖ во 55.минута. Беше јасно дека тоа е нокаут за Олимпик Марсеј.
За Меси пак ова беше голот број 700 во клупската кариера, 28 има за ПСЖ и 672 за Барселона. Голем јубилеј за Аргентинецот.
LIONEL MESSI SCORES HIS 700TH CLUB GOAL 🐐
— ESPN FC (@ESPNFC) February 26, 2023
Another accomplishment checked off the list ✅ pic.twitter.com/HkLUGCW6kw