Францускиот интернационалец Жил Кунде не е многу среќен во Барселона и побара од клубот да го продаде доколку тренерот Чави Хернандез има намера да го користи како десен бек.
Оваа вест денеска ја пренесоа сите сигурни извори во Каталонија. Кунде јасно му ставил до знаење на Чави дека не се чувствува удобно како десен бек, дека му било ветено дека ќе игра како стопер и дека сака да игра на таа позиција. Ако тоа не е можно, Кунде нема ништо против трансфер во друг клуб.
Сепак, Чави не сака да се откаже од Кунде и му вети дека следната сезона ќе игра како централен дефанзивец, каде ќе ја дели минутажата со Араухо и со Кристенсен.
Во исто време стигна информација дека клубот многу сериозно ја сфатил оваа порака и дека Барселона допрва ќе преговара со Жорге Мендеш околу трансферот на Жоао Кансело. Каталонците немаат пари за откупување, но ќе прифатат позајмица до 2024 година со потенцијален откуп од Манчестер Сити.