Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со асистенција му помогна на Пекинг Гуан да слави со убедливи 6-2 против Кангжу во деветтото коло од првенството во Кина.

Адеми беше асистент на третиот гол за Пекинг во 40. минута, а на теренот остана до 78 минута по што беше заменет.

Пекинг по девет одиграни кола се наоѓа на шестата позиција со 14 бодови, односно шест помалку од лидерот Шангај Порт.

https://youtu.be/l52t4S2kCcE