Играчот за врска на Барселона Френки Де Јонг, се врати по тешката повреда и ќе биде во конкуренција за дуелот против Јанг Бојс.
Де Јонг доби „зелено светло од медицинскиот тим на Барселона и по пет месеци повторно се најде во составот на каталонскиот гигант.
Тренерот Ханси Флик го најави враќањето на Де Јонг уште на вчерашната прес-конференција, а потврда стигна и на социјалните мрежи на Барселона.
Холанѓанецот се повреди на мечот против Реал Мадрид на 21 април годинава и долго време беше надвор од терените.