Во конкуренција на Роберт Левандовски (33) од Баерн Минхен и Карим Бензема (33) од Реал Мадрид, Лионел Меси (34) е огромен фаворит за престижната награда.
Свеченото соопштение ќе следи вечерва во 21 часот, но како што своевремено објави португалската телевизија РТП Деспорто, нема драма. речиси сигурно е дека фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси (34) по седми пат во кариерата ќе ја освои Златната топка.
Така, Аргентинецот само ќе ја зголеми бројката (6) награди од престижниот избор, додека Кристијано Роналдо ќе остане на пет награди.
Зад Меси се Роберт Левандовски (33) од Баерн Минхен и Карим Бензема (33) од Реал Мадрид. Но, според шпанските медиуми, споменатото дуо не е ни блиску до освојувачот. Да потсетиме, наградата ја доделува Франс Фудбал или 180 новинари кои избираат од 30 кандидати.
После тоа, педесет специјалисти спортски новинари го избираат најдобриот играч давајќи своите гласови како шест, четири, три, два или еден поен.
Меси ја освои Копа Америка со Аргентина, а тоа би требало многу да му помогне во освојувањето на наградата пред „моралниот победник“ од минатата година Роберт Левандовски, во која наградата не беше доделена.
Настанот започнува во 20 часот во францускиот „Theater du Chatelet“