Барселона нема финансии за скапи трансфери, но затоа со своето реноме ги привлекува слободните агенти.
Така беше минатото лето кога пристигнаа Ерик Гарсија, Серхио Агуеро и Мемфис Депај, а истиот рецепт Каталонците ќе го применат и оваа година. Прв фудбалер кој ќе потпише за Барселона е Андреас Кристeнсен од Челси. Данскиот репрезентативец е слободен агент по завршувањето на сезоната, бидејќи му истекува договорот.
Одби да продолжи со „сините“, кои му нудат одлични финансиски услови, бидејќи сака да се испроба во дресот на Барселона. Шпанскиот гигант има уште една понуда за уште еден играч на Челси, а тоа е Цезар Аспиликуета, кој исто како и Кристeнсен на лето ќе биде слободен агент.