Јувентус во првите 45 минути беше за нијанса подобар противник од Фиорентина на теренот и заслужено стигна до водство во 34. минута, кога Рабио ја затресе мрежата на Терачано.

Фиорентина беше доминантна во вториот дел, но тоа не беше доволно за да извлече бод на гостувањето во Торино.

„Старата дама“ има 29 бода на деветтата позиција, додека Фиорентина е на 14. место со 24 бода.