Демократска Република Конго, репрезентација која чека 48 години за пласман на Светското првенство, се пласираше во бараж за Катар, но поради бизарна грешка и се заканува исклучување.
ДР Конго славеше со 2:0 против Бенин во последното коло од квалификациите и со тоа ги заврши квалификациите со бод повеќе од Бенин. Сепак, во 90. минута, кога веќе се беше решено, погреши тренерот на ДР Конго, Хектор Купер. Заборави дека според новите правила смее да менува пет играчи, но само во три различни интервали.
Купер менуваше играчи во четири ситуации – во 63. минута, 77., 84. а последната измена ја направи во 90. минута. Никој не забележа ваква грешка на стадионот за време на мечот, но гостите забележаа потоа, па веќе поднесоа официјална жалба до ФИФА.
Грешката на Купер, 66-годишниот Аргентинец кој го паметиме по тренерските улоги во Мајорка, Валенсија и Интер, веројатно ќе му донесе три бода на Бенин, па репрезентацијата Бенин наместо во ДР Конго ќе оди на дополнителни квалификации.
ДР Конго настапи на Светското првенство во 1974 година под името Заир, а повозрасните љубители на спортот се сеќаваат дека загуби од Југославија со 9-0 во групата.