Ангилја и Швајцарија се уште две репрезентации кои обезбедија пласман на СП 2022 година, па досега се пополнети 11 од вкупно 32 места.
Пласман на Мундијалот досега имаат обезбедено девет европски селекции (Германија, Данска, Франција, Хрватска, Белгија, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија), од кои само Бразил и секако домаќинот Катар.
Европа ќе ја претставуваат вкупно 13 репрезентации. Тоа ќе бидат 10 победници на групи и три репрезентации кои ќе бркаат виза за Катар во дополнителните квалификации. Африка на Светското првенство ќе ја претставуваат пет репрезентации, четири или пет (плус домаќинот) од Азија и три или четири од Северна и Централна Америка и Карибите. Ќе има четири или пет селекции од Јужна Америка, а една или ниту една од Океанија.
Четири екипи ќе се натпреваруваат во интерконтиненталните квалификации и ќе се борат за две места. На нив ќе учествува по една репрезентација од Азија, КОНКАКАФ, Океанија и Јужна Америка. Ќе се играат два пара со по два натпревари, дома и на гости.