Францускиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Пол Погба поради повреда на бутниот мускул нема да игра на Светското првенство во Катар, кое ќе започне за 20 дена, а потврда стигна од неговата менаџерка Рафаела Пимента.
Пимента соопштила дека Погба поради повредата нема да заигра за Франција на Мундијалот, па така селекцијата на Дидие Дешамп ќе биде ослабена во борбата за одбрана на трофејот освоен пред четири години.
Претходно таква најава имаше и „Газета дело Спорт“, но после потврдата на Пимента јасно е дека Погба го чека долга пауза од терените, а интересно е тоа што Французинот не заигра ниту еднаш за Јувентус во официјалните натпревари.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1587123217201713152?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1587123217201713152%7Ctwgr%5E485b03dd7c20b62be7205d9afa61066cf6fa7d51%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Foficijalno-pogba-nema-da-igra-na-sp-vo-katar