Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, го дозна првиот ривал во второто коло на турнирот во Париз, откако Максим Креси беше подобар од Диего Шварцман со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3.
Креси направи изненадување за само еден час и 20 минути кога го елиминира Аргентинецот, кој имаше поголеми шанси за пласман во второто коло.
Шварцман во првиот сет му препушти само еден брејк на Креси, кој му беше доволен за 6-3 во првиот сет, а Американецот потоа беше уште подобар и повторно со 6-3 го доби дуелот.
Ѓоковиќ ја брани титулата од минатата година и ќе се обиде оваа сезона да се закити со седмиот трофеј од турнирот.