Ги дознавме сите четири учеснички во полуфиналето на УС Опен. Втората полуфинална двојка ја комплетираа првата и шестата носителка Арина Сабаленка и Ига Свјатек…
Немаше изненадување на дуелот меѓу светскиот рекет број еден Ига Свјатек и осмата носителка Џесика Пегула. Американката одигра добро на својот терен, но не можеше да ја победи одличната Полјакиња.
Сепак, таа пружи доста добар отпор и не недостасуваше многу да го искомплицира натпреварот. Во првиот сет првиот брејк го направи за 3:2, но таа не можеше да го задржи, па Свјатек одговори со два сервис брејка во низа за 6:3.
Во вториот сет Свјатек имаше дури пет пати брејк предност, но секогаш Пегула возвраќаше веднаш во следниот гем и и го одземаше сервисот , па се отиде во тај-брејк каде што Свјатек беше сепак подобра со 7:4.
Во вториот четвртфинален меч Арина Сабаленка беше подобра од Каролина Плишкова. Првиот сет беше одличен за Белорусинката и го освои со 6:1, додека во вториот сервисите на двете страни беа одлични и немаше брејк топки.
Во тринаесеттиот гем, пак, шестата носителка стигна до 6:3 и ја искористи втората меч топка за победа од 7:4.
УС Опен, четвртфинале:
Каролина Плишкова (Чешка, 22) – Арина Сабаленка (Белгија, 6) 1:6, 6:7
Ига Свјатек (Полска, 1) – Џесика Пегула (САД, 8) 6:3, 7:6