Само десет дена откако официјално го објави своето повлекување од тенисот, Австралијката Ешли Барти постигна успех во друг спорт, голфот.
Барти се повлече од тенисот како лидер на ВТА ранг-листата, а на тронот беше заменета со Полјакињата Ига Свјонтек за време на турнирот во Мајами, каде Полската тенисерка во саботата го подигна победничкиот пехар.
На женскиот голф турнир во клубот Бруквотер, предградие на Бризбејн, 25-годишната Барти доминираше и на крајот победи, повторувајќи го својот успех од пред две години кога славеше на истиот турнир.
Дали овој успех е уште една епизода која најавува што ќе прави оваа многу успешна тенисерка во продолжението на кариерата, останува да видиме, но уште порано многумина истакнаа дека Барти, освен за тенисот и крикетот, има голем талент и за голф .
„Ешли има навистина огромен моментум“, рече легендарниот голфер Тајгер Вудс пред две години, кој одигра егзибициски меч против Барти, тенисерка кој зад себе остави три индивидуални Грен слем титули (Ролан Гарос 2019, Вимблдон 2021 и Австралија Опен 2022 година) , како и еден во конкуренција на двојки (УС Опен 2018).