-Тој меч против Денис Шаповалов во третото коло лани беше фрустрирачки за мене. Не чувствував дека можам да направам нешто добро. Направив толку многу на рехабилитација, тренинзи, но не ми се исплатеше. Не се ставив себеси во ситуација да можам да се натпреварувам во големи натпревари на централниот терен.
-Тие можности стануваат се поретки и тоа е она што сè уште ме тера да продолжам да се борам. Затоа што верувам дека ако сум физички подготвен, тогаш имам добри шанси против најдобрите играчи на тие натпревари, -рече Мари кој се надева на финале со Надал, Ѓоковиќ или Беретини на грен слемот кој започнува наредната седмица.
-Тие големи натпревари се причината поради која се уште играм. Не сум тука само да го играм натпреварот од второто коло против Оскар Отe, туку да играм во финалето на Вимблдон против Ѓоковиќ или Надал или Матео Беретини. Со некои од тие момци. Тоа е она што го сакам, -порача амбициозниот Шкот.