Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби дозвола за настап на првиот Грен слем турнир во Мелбурн.
Во рекордно време светот го обиколи веста дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија Опен.
Секако, реакциите се поделени, а на многумина не им е јасно како Ѓоковиќ успеал да добие лекарско ослободување.
Сега се појавија нови информации.
Имено, Ѓоковиќ го доби споменатото медицинско ослободување дека му е дозволено да игра невакциниран благодарение на целијачна болест која за малку ќе му ја уништeше кариерата. Станува збор за болест при која телото е нетолерантно на глутен, кој го има во брашното и производите во кои се користи, а која Новак, за среќа, навреме ја открил, го променил начинот на исхрана.
Новак успеа да докаже дека неговиот проблем со целијачна болест може да предизвика сериозни компликации доколку се вакцинира со која било вакцина против КОВИД-19. Тие тврдења ги поткрепи дури и со потврда на научник од Кембриџ, кој наведува дека вакцината може да му наштети.
Затоа медицинските експерти во државата Викторија, каде што е Мелбурн и каде што влезот е забранет без целосна имунизација или ослободување, немаат друг избор освен да му дозволат да настапи на првиот Грен слем во 2022 година и да маршира до десеттата титула и рекорден 21-ви Грен слем.