Тенисерите Алкараз и Синер ќе играат финале пред финалето на „Ролан Гарос“ откако и Шпанецот денеска со 3-0 ја помина својата пречка.
Алкараз беше подобар од Циципас со 6-3, 7-6 и 6-4 и за 2 часа и 18 минути обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на вториот Гренд слем во сезоната. Циципас пружи отпор само во вториот сет во кој се извлече од брејк негатива, но не успеа да израмни на 1-1.
Дуелот во полуфиналето ќе биде втор меѓу Алкараз и Синер оваа година и вкупно деветти на АТП турот. Последен пат се сретнаа на Индијан Велс каде триумфираше шпанскиот тенисер, а меѓусебниот биланс во моментов е 4-4.