Во првиот сет и двајцата тенисери имаа потешкотии на свој сервис, па направија по два брејка. Сепак беше неизвесно и сетот беше реен во тајбрејк кој го доби Циципас со 7-2.
Вториот сет му припадна на грчкиот тенисер со 6-4, а во третиот повторно се играше тајбрејк во кој овојпат подобар беше Хачанов со 8-6.
Четвртиот сет го доби Циципас со 6-3 и со вкупна победа од 3-1 во сетови обезбедии пласман во своето прво финале на Австралија опен.
Грчкиот тенисер во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Томи Пол.