Далас по серијата од два порази во низа конечно победи, го совлада Феникс на гостински терен со 99-95. Но оваа победа е горчлива бидејќи се повреди најдобриот кошаркар Лука Дончиќ после три и пол минути на теренот. Словенецот нагази на ногата на противникот, а неговиот израз на лицето испрати порака дека е нешто сериозно, па веднаш замина во соблекувалната.
Тој не се врати на теренот, сепак повредата е сериозна. Во Далас се сомневаат дека станува збор за лигаментите, поради што ќе го чека подолга пауза.
Откако Словенецот не се врати во игра, одговорноста ја презеде Спенсер Динвиди и мечот го заврши со 36 поени, шест скока и девет асистенции. Единствена помош имаше од Смит со 18 поени и 12 скока. На другата страна, Феникс со по 22 поени го предводеа Џонсон и Пол (10 асистенции), додека центаротД Ајтон одигра сосема луда партија, постигна 19 поени и 20 скока.
РЕЗУЛТАТИ НБА
Бостон – Њујорк 117:120 (прод.)
Бруклин – Детроит 122:130
Шарлот – Чикаго 111:96
Хјустон – Кливленд 95:113
Феникс – Далас 95:99
Л.А. Клиперс – Сан Антонио 138:100