Српските кошаркари успешно ги започнаа квалификациите за Светското првенство.
По голема борба и драма во Белград, „орлите“ ја совладаа Летонија со резултат 101:100 (28:33, 24:23, 25:19, 24:25).
Во составот на Србија најефикасен беше Милош Теодосиќ со 21 поен. Алекса Аврамовиќ постигна 17 поени, Марко Јагодиќ-Куриџа 16, а Ален Смаилагиќ 15.
Во тимот на Летонија Ричардс Ломас постигна 33 поени, Дариус Бертанс и Андрејс Гразилис по 17 поени.
Во текот на сите 40 минути се водеше голема борба во салата „Александар Николиќ“. Летонците водеа во поголемиот дел од натпреварот, пред се благодарение на одличниот шут за три поени. Гостите постигнаа дури 16 тројки и многу ја измачуваа Србија на реваншот на селекторот Светислав Пешиќ.
Во драматичниот финиш 34-годишниот дебитант Марко Јагодиќ-Куриџа ја презема одговорноста. На две секунди до крајот го погоди првото слободно фрлање за 101:100, а потоа го промаши второто, а потоа Летонците погрешија и со тоа и овозможија на Србија да победи.
Српските кошаркари победата му ја посветија на Стеван Јеловац, поранешниот репрезентативец кој неодамна доживеа мозочен удар.
Србија за три дена гостува кај Белгија во натпреварот од 2.коло. Белгија ја совлада Словачка со 83:57 во вториот натпревар од групата А од квалификациите за Светското првенство.