Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево ќе ги добие противниците во баражот за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар. Секако стискаме палци за да ги избегнеме фудбалските гиганти Италија и Португалија последните европски шампиони на изминатите две првенства.
Покрај Италија и Португалија во носителите ќе бидат уште Русија, Шкотска, Шведска и Велс, а во групата на Македонија ќе се најдат вкупно две од овие селекции.
Покрај Македонија, во шеширот на неносители се наоѓаат уште Австрија, Турција, Украина, Полска и Чешка. Од тука, Македонија ќе има еден можен ривал, но само во финалето доколку победи против носителот.
На ждрепката екипите ќе се поделат во три групи со по четири репрезентации. Две ќе бидат од носителите, уште две од неносителите. Ќе се играат две полуфиналиња, во кои домаќини ќе бидат носителите. Победниците патуваат во финалето кое би се играло на терен кој ќе се одучи со дополнителна ждребка.
Ждрепката за баражот е со почеток од 17:00 часот.