Порто би можел да го отпушти Кансел Мбембу, дефанзивецот кој во својата кариера во Премиер лигата играше за Њукасл, претходно настапуваше за Андерлехт, а од 2018 година е член на Порто.
Сепак, договорот би можел да биде раскинат бидејќи овој фудбалер со години лажел.
Тој наводно е роден во 1994 година, но според пишувањата на медиумите во Португалија, тој на своите пријатели им рекол дека е роден во 1990 година.
Порто сигурно нема да го продолжи договорот со него кој истекува на крајот од сезоната, а се би можело да заврши дури и порано.
Истрагата беше покрената уште во 2013 година, кога беше дојдено до податок дека е роден во 1988 година.
Да потсетиме, за овој дефанзивец се распрашуваше и Милан.