Милан има многу добра сезона во која се бори за титулата во Серија А, прва по 11 години чекање. Тој в понеделник ќе игра против Болоња, а во пресрет на завршните лигашки возбудувања седумкратниот европски првак на социјалните мрежи претстави нов дрес.
Дизајнот е осмислен од техничкиот партнер на Милан, Пума а повеќето фанови не можат да поверуваат за каков дрес се работи. Коментарите на Твитер, Инстаграм и Фејсбук се крајно негативни. Дел од навивачите се надеваа дека се работи за првоаприлска шега, но за жал клубот се уште не одговорил и објавил дека се обидел да биде смешен.
https://twitter.com/acmilan/status/1509841646401343489?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1509841646401343489%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fovo-je-milanov-novi-dres-kosta-100-eura-i-nije-prvoaprilska-sala%2F2352567.aspx