Атлетико Мадрид продолжува со притисокот врз градскиот ривал Реал во борбата за втората позиција на табелата во Ла Лига, каде што Барселона веќе може да се прогласи за шампион, откако вечерва лесно и убедливо, како гостин, го прегази Валјадолид со 5-2.
Натпреварот беше решен во период од дваесетина минути во првото полувреме во кој мадриѓаните постигнаа три гола и тоа преку Молина во 20. минута, Хименез четири минути подоцна и Мората во 38. минута. Следуваа два голови на домашниот тим постигнати од Ларин од пенал во 43. минута и Ескудеро во 74. минута, но надежите на Валјадолид за целосен пресврт замреа со автоголот на Фернандез во 86. минута. Депај во третата минута од судиското продолжение само ја комплетира „петардата“ на мадриѓани.
Атлетико Мадрид останува третопласиран со 66 бодови, два помалку од Реал Мадрид, а дури осум повеќе од Реал Сосиедад.