Бугарскиот ЦСКА Софија славеше против кипарскиот Пафос со 2-1 во првиот меч од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Муамер Танковиќ беше стрелец за Пафос во 10. минута, но ЦСКА се врати во живот со голот на македонскиот фудбалер Марио Илиевски во 29. минута.
На почетокот на вториот дел Талис од пенал погоди за целосен пресврт (2-1), а бугарскиот тим можеше и до трет гол, но истиот беше поништен од ВАР-системот поради офсајд.
Реваншот меѓу ЦСКА и Пафос се игра на 15 август во Кипар.
https://twitter.com/i/status/1821608344098075003