Ракометарките на Норвешка триумфираа против Данска со 25-21 во полуфиналето на ЛОИ во Париз.
Норвежанките имаа предност во текот на целиот дуел и најавија дека се дојдени по триумф уште во првото полувреме, имаа предност од три гола (11-8). Данска одигра уште послабо во вториот дел, имаше највисоки „минус седум“ негатива, па до крајот успеа само малку да го ублажи поразот.
Тимската игра ја красеше победничката селекција, шест ракометарки имаа три или повеќе голови. Кај Данска немаше ниту еден лидер и поразот на крајот беше неизбежен, но останува мечот за бронзениот медал против селекцијата на Шведска.
Најдобра во победничкиот табор беше Кари Дале со четири голови, додека кај Данска ист учинок имаше Кристина Јоргенсен.
За олимпиското злато ќе се борат Норвешка и Франција, додека Данска и Шведска ќе се соочат во дуелот за третата позиција.