Македонската кадетска репрезентација го претрпе и вториот пораз во вториот натпревар на Европското првенство во Подгорица.
По вчерашниот пораз од Франција со 29:28 во кој бевме рамноправен противник до самиот крај, денес одигравме послаб натпревар против Германија (19:25).
На Германците им париравме само едно полувреме во кое се играше изедначено, а тие на пауза заминаа со еден гол предност (9:10).
Германија на почетокот на вториот дел направи разлика, предноста растеше.
Во најголем дел од овој период Германија водеше со пет или шест гола, а на крајот славеа победа со 19:25. Најефикасен во нашите редови беше Самоил Ристевски со 11 постигнати голови.
Ристевски беше фантастичен во дресот на Македонија. Младиот кружен напаѓач беше автор на единаесет гола, а уште петмина наши ракометари ја погодија германската мрежа. Петар Илиевски постигна пет, а по еден гол постигнаа Димовски, Лазов и Крстевски. Нашата селекција на овој натпревар играше без својот најдобар играч, Дамјан Митев, кој поради повреда не можеше да им помогне на соиграчите.
Во третото коло Македонија ќе се судри со Полска, селекција која што во својот прв меч загуби од Германија со 21-39.
Македонија во петок со почеток од 14:30 часот го игра третиот натпревар.