Kапитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров заедно со неговиот Нант ќе игра во финалето на францускиот Куп.
Го победи Монпелје на гости (26-27) со гол во последните секунди. Монпелје имаше предност од 26-24, ама Нант даде три гола во низа за голем триумф.
Лазаров полуфиналниот натпревар го заврши со два гола но вториот беше клучниот гол за победа од 26-27 на 18 секунди пред крајот. Најдобар беше Валеро Ривера со осум реализации.
Нант во финалето ќе се сретне со Шамбери кој направи сензација и го исфрли моќниот ПСЖ со 28:29.