Прашање беше време кога СЕХА-лига ќе излезе со известување за текот на сезоната по случувањата меѓу Русија и Украина. Добро е познато дека на регионалното натпреварување главен спонзор е Газпром, а во истото учествуваат тимови како Мотор Запорожје и Мешков Брест.

На денешниот состанок на Извршниот комитет е одлучено да се одложат мечевите до одредено време за да се задржи регуларноста на лигата.

„Сите натпревари од СЕХА – Газпром лигата во сезоната 2021/22 се одложени до дополнително известување, со цел да се заштити регуларноста на натпреварувањето.

За сите дополнителни промени и ажурирања, сите заинтересирани ќе бидат навреме известени“, се огласија од СЕХА-лига во која учествуваат Вардар 1961 и Е.Пелистер.