Екипата на Њукасл со одлично погодени засилувања изминатиот преоден рок, и со далеку поквалитетна лига во пролетниов дел од сезоната успеа да се исправи пред предизвикот, и не само да излезе од опасната зона за испаѓање, туку и да проба да направи нешто повеќе сезонава во Премиер лигата.

Со новите сопственици се знае дека парите не се проблем во овој клуб па така уште од сега се прават планови што и како ќе се случува на планот на трансферите следното лето.

Англиските медиуми денеска велат дека Еден Азар со сигурност ќе се пресели во Њукасл на лето, и ќе ја заврши својата голгота во Мадрид. Тој не се прослави во дресот на Реал, повредите, и килажата константно беа проблем, па сеа се бара негов кам бек во Премиер лигата, каде што реално и го доживеа својот играчи зенит.

Њукасл несомнено на Белгиецот ќе му ја пружи шансата играчки да се рехабилитира и да покаже дека во него има уште многу фудбал.