Наполи имаше водство од 0-2 против Емполи, но на крајот загуби од домашниот тим и ги уништи сите шанси за освојување на „скудетото“. Сега Наполи има 67 бода, пет помалку од Интер и еден одигран натпревар повеќе.
Дрис Мертенс пред крајот на првиот дел донесе водство, а Лоренцо Инсиње зголеми на 0-2 во 53.минута. Сите мислеа дека „наполитанците“ лесно ќе ја минат оваа пречка. Но, Емполи направи супер – пресврт. За само седум минути постигна три голови и го нокаутира противникот, уништувајќи ги сите шанси дека ќе можат да стигнат до титулата.
Лијам Хендерсон погоди во 80.минута, три минути подоцна Андреа Пинамонти израмни, а истиот фудбалер во 87.минута постигна и победнички гол за Емполи.
Болоња и Удинезе ремизираа 2-2.