Актуелниот шампион Челзи успеа да слави во лондонскиот дуел против Вест Хем со 1-0, со голот на Кристијан Пулишиќ во 90.минута од натпреварот. Беше возбудливо и претходно на „Стемфорд бриџ“, но мрежите долго мируваа.
Во завршницата Вест Хем остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Крег Доусон, а Жоргињо не реализираше пенал во 87.минута. Но, Челси сепак стигна до трите бода со голот на Пулишиќ.