Кристијан Ериксен повторно игра како во најдобрите денови, и затоа е на цена во Премиер – лигата. Брентфорд ќе се обиде да го задржи, но мали се шансите Данецот да остане и по истекот на договорот во јуни.Англиските медиуми пишуваат дека Ерик тен Хаг го посакува Ериксен на неговиот нов почеток, во Манчестер Јунајтед.

Ериксен на лето ќе биде слободен и бидејќи се врати во врвна форма, нема дилема дека би бил врвно засилување за секоја екипа.Тен Хаг ги знае квалитетите на Ериксен, има и огромно искуство, може да игра на неколку позиции, така што ова не е изненадување.

Ериксен има 30 години и ако е здрав и подготвен, може да биде огромно засилување за „ѓаволите“,но за него е заинтересиран и Тотенхем.