Кралскиот клуб, Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се обиде да направи трансфер со чудото од дете на Лил на „Сантијаго Бернабеу“. Лени Јоро е означен во клубот како идеално решение за иднината на мадридскиот клуб на стоперските позиции. Има осумнаесет години, и е француски репрезентативец до 21 година и доколку Реал сака да го донесе ќе мора да потроши цело богатство.
Лени Јоро е под договор со Лил до јуни 2025 година, а и фудбалерот и клубот се свесни за интересот на Реал.
Наводно, „кралевите“ на Јоро му сугерирале да го одбие продолжувањето на договорот со актуелниот клуб за да може Реал да го доведе по пониска цена од онаа што моментно ја бара Лил. Таа изнесува 60 милиони евра.