Не започна добро натпреварот за бранителот на тронот во Италија, Ваолијачо по 20 минути игра ја погоди мрежата на Зомер и го отвори резултатот. Но, Интер десет минути подоцна преку Маркус Турам дојде до изедначување. Со по еден гол на двете страни се замина на паузата.
Второто полувреме донесе големи возбудувања во завршницата. Прво Турам постигна уште еден гол за 1:2, а таа ситуација се прегледуваше и во ВАР за голот на крај да остане признат.
Длабоко во шестата минута од судиското продолжение Џенова доби пенал, а одговорноста ја презема Жуниор Месијас. Зомер го одбрани неговиот удар од 11 метри, но одбиената топка Месијас ја смести во мрежата за конечни 2:2.